Дома Трансфер зона Барса во јануари купува ѕвезда од 80 милиони

Барса во јануари купува ѕвезда од 80 милиони

Барселона ова лето остана без Лео Меси, а сезоната ја започна лошо, па сака да донесе големо засилување во зимскиот преоден рок.

Барселона во последниот ден од преодниот рок се обиде да го донесе Дани Олмо на „Камп Ноу“, но трансферот не се реализираше, па тој ќе биде примарна цел во јануари.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Олмо е дете на Барселона играше за младинските селекции на овој клуб во период од 2007 до 2014 година кога се пресели во Динамо Загреб, а моментално блеска во дресот на Лајпциг.

Шпанската „Ла Секста“ објави дека Олмо веќе има договор со Каталонците и дека Барселона ќе понуди 80 милиони евра за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…