Дома Фудбал Останато Хаос во Босна: Навивачи влетаа на терен, запален и автомобилот на судијата!

Хаос во Босна: Навивачи влетаа на терен, запален и автомобилот на судијата!

Натпреварот помеѓу Вележ и Борац во рамките од 10. коло во босанскиот шампионат не го дочека својот крај и беше прекинат во 82. минута при резултат 2:0.

После вториот гол десетина навивачи влегоа на теренот да се пресметаат со судиите, па делегатот поради таквата ситуација го прекина мечот и го завери со победа на Борец. Домаќинот за ваквиот пропуст сигурно ќе добие и дополнителна казна од страна дициплинската комисија.

Меѓутоа хаосот не заврши само на натпреварот. По завршувањето на мечот навивачите го запалиле автомобилот на еден од судиите, а еден од делегатот завршил во болница. Главниот судија го пресретнале и претепале во тунелот.

Порталот „спортспорт.ба“ објави и фотографија од запалениот автомобил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Прв пат воведено ново правило во Лигата на шампионите. Винисиус му создаде проблем на Реал Мадрид

РЕАЛ МАДРИД ја отвори новата сезона на Лигата на шампионите со победа. Екипата на Жозе Мур…