Дома Фудбал Историја на Островот: За првпат странец ќе суди натпревар од Премиер лигата

Историја на Островот: За првпат странец ќе суди натпревар од Премиер лигата

Aвстралиец ќе суди натпревар во Премиер лигата.

Никогаш претходно странец не бил судија на натпревар од Премиер лигата. За првпат тоа ќе се случи на натпреварот в сабота помеѓу Вотфорд и Њукасл кој ќе го суди Џаред Жилет.

Овој судија има ФИФА значка, а англиската Премиер лига го познава од претходно и на некои натпревари беше во ВАР собите.

Жилет е судија на ФИФА од 2013 година, а до сега делеше правда во пониските лиги во Англија и во Австралија каде што е роден.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Елшник отпадна за Скопје, Македонија ќе пречека ослабена Словенија

Повредата го отстрани Тими Макс Елшник од словенечкиот состав за завршните два натпревари …