Дома Фудбал Добри вести за Реал Мадрид

Добри вести за Реал Мадрид

Плејмејкерот на Реал Мадрид, Тони Крос е многу блиску до враќање на терените, откако денес Германецот ги обнови тренинзите.

31-годишниот играч за врска се уште нема запишано настап оваа сезона, откако се повреди на почетокот на август. Според „Марка“ Крос ќе се врати на терените после репрезентативната пауза во октомври.

Иако Реал одлично ја започна сезоната, јасно е дека враќањето на Крос е добра вест за Карло Анчелоти бидејќи Германецот е еден од најважните фудбалери на „кралевите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

По историскиот пробив, Брера го носи Хофенхајм на тест во Струмица

Младинците на Брера денеска од 14 часот го пречекуваат Хофенхајм во второто квалификациско…