Фудбалерот на Наполи и репрезентативец на Италија, Емануеле Џакерини, во текот на викендот ќе добие нов клуб, пренесуваат локалните медиум во Неапол.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Како што се наведува, чешкиот клуб, кој преводен од Андреа Страмачиони ќе плати оштета од еден милион евра, за поранешниот фудбалер на Јувентус, Сандерленд, Болоња и Чезена.
Џакерини за Спарта би можел да дебитира само неколку дена по потпишувањето на договорот, во реваншот од квалификацискиот двомеч за Лигата на Европа, кој Спарта Прага ќе го игра против Црвена Звезда.
Италијанскиот фудбалер за репрезентацијата на „Азурите“ одигра 29 натпревари и постигна четири погодоци.
