Дома Фудбал Халер од Ајакс вчера направи подвиг кој му усепал само уште на Ван Бастен

Халер од Ајакс вчера направи подвиг кој му усепал само уште на Ван Бастен

Себастијан Халер, напаѓачот на Ајакс имаше фантастично деби во Лигата на шампионите.

Ајакс го гостуваше кај Спортинг, а Халер во победата од 1:5 постигна четири гола. Со овие четири гола тој успеа да влезе во историјата на најелитното европско натпреварување.

Фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска кој во Ајакс дојде од Вест Хем е само вториот во историјата кој дебитирал во ЛШ со четири гола.

Пред него тоа му успеа само на Марко Ван Бастен како играч на Милан против Гетеборг во 1992 година. Сепак, треба да се зпомене дека Ван Бастен тогаш дебитираше во ЛШ затоа што натпреварувањето како што го знаеме денес тогаш се формираше, претходно Холанѓанецот тресеше мрежи во Купот на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Три клуба, без главен и спореден: Естрела гради поинаква фудбалска мрежа

Про Патрија е првата италијанска инвестиција на Естрела, која сака да поврзе клубови преку…