Дома Фудбал Останато Конте: Хакими сонува да се врати во Реал Мадрид

Конте: Хакими сонува да се врати во Реал Мадрид

Mинатата година Антонио Конте соработуваше со Ашраф Хакими, па добро го познава извонредниот десен бек кој летово се пресели во ПСЖ.

Во гостувањето на програмата на „Скај“ Конте нагласи дека Хакими во своето срце има само еден клуб, а тоа е Реал Мадрид. Токму од Реал Хакими пристигна во Интер кога не доби шанса од Зидан во Мадрид.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


За Интер играше само едена година, а Конте верува дека може да се случи многу брзо Хакими да го напушти и ПСЖ за да се врати во Реал.

„Хакими сонува да се врати во Реал Мадрид. Се сеќавам колку му беше тешко во двата натпревари против Реал минатата сезона. Сака да се врати и да биде важен играч таму“, изјави Конте кој потенцираше дека го смета за еден од најдобрите играчи во одбраната.

„Во овој момент тој е еден од најдобрите играчи во одбраната. Се подобри во одбраната и го подобри пасот за гол. Може да прерасне во ѕвезда“, смета италијанскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Тен Хаг: Ако не ме сакаат во Јунајтед, ќе освојувам трофеи на друго место

Манчестер Јунајтед славеше со 2-1 против Манчестер Сити во финалето во ФА-купот и го крена…