Дома Трансфер зона Лацио го враќа поранешниот „бјанконер“ во Серија А?

Лацио го враќа поранешниот „бјанконер“ во Серија А?

Фудбалерот кој настапуваше за екипата на Јувентус, Мартин Касерес, би можел повторно да се врати во Италија.

Секогаш добро известениот Џанлука Ди Марцио, тврди дека Лацио е заинтересиран за услугите на Ургваецот.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Преговорите се закажани и треба да се одржат во Рим, ќе видиме што ќе се случи. Иначе, Касерес во текот на зимскиот преоден рок пристигна во Саутемптон, но таму не добиваше премногу простор за игра, поради тоа неговата желба е да се врати во Италија.

Како и што споменавме, Касерес во Италија настапуваше за екипата на Јувентус со која освои пет титули шампион на Италија, два трофеи во Купот на Италија и три во Суперкупот на Италија.

Уругвајскиот интеренационалец, кариерата ја започна во Шпанија. Негов прв клуб беше Рекреативо Уеива од каде што беше позајмен во Виљареал, потоа следуваа три сезони во Барселона, а во една од тие три со каталонскиот гигант стигна и до тројна круна. (Примера, Куп и Лига на шампиони).

Од Каталонија премина во Јувентус како позајмен фудбалер, следуваше враќање во Шпанија во екипата на  Севиља, меѓутоа после една полусезона се врати во Јувентус каде што остана до 2016 година.

За крај да се потсетиме на голот на овој фудбалер во дресот на Јувентус, токму против Лацио.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер повторно доведува бесплатно засилување од Наполи?

Голманот на Наполи, Алекс Мерет би можел да го напушти клубот на крајот на сезоната. Чувар…