Дома Фудбал Пиоли: Ливерпул е еден од најдобрите, заминуваме со крената глава

Пиоли: Ливерпул е еден од најдобрите, заминуваме со крената глава

Ливерпул и Милан синоќа одиграа спектакуларен натпревар на „Енфилд“, кој на крајот го добија домаќините до 3:2.

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли призна дека победата на „црвените“ била заслужена, но е задоволен од изданието на неговиот тим.

„Ливерпул заслужува почит за нивниот интензитет и квалитет, за сета доминација во почетните 25 минути игра. Тие се меѓу најдобрите во светот, но ние заминуваме со крената глава. „Ова ќе ни биде лекција од голема корист за во иднина, а сево ова ќе ни помогне да се развиеме во уште подобар тим“, истакна Пиоли.

„Ние имавме можност да го свртиме резултатот а воедно и сиот меч во наша полза, но треба да жалиме за двата гола кои ги примивме во второто полувреме, покрај големиот квалитет на Ливерпул, ние имавме свои грешки во тие голови, во иднина ќе се судриме со екипи кои имаат помалку квалитет во сопствените редови и не смееме вакви голови да примаме“, додаде италијанскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Три клуба, без главен и спореден: Естрела гради поинаква фудбалска мрежа

Про Патрија е првата италијанска инвестиција на Естрела, која сака да поврзе клубови преку…