Играчот за врска на Интер, Стефано Сенси нема да му биде на располагање на тренерот Инзаги за утрешниот дуел со Реал Мадрид во ЛШ.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Сенси влезе во игра во второто полувреме на мечот против Сампдорија, но се здоби со повреда на коленото и пред време го заврши мечот.
Интер денес преку официјално соопштение потврди дека играчот има истегнување на лигаментите на коленото и му следи период на рехабилитација.
Добрата вест за тренерот Инзаги е што дефанзивецот Бастони се опорави од повредата и ќе настапи против Реал Мадрид.