Шпанскиот фудбалер Ектор Белерин од ова лето настапува за Бетис каде што пристигна на позајмица од Арсенал.
Белерин не беше во плановите на Микел Артета за актуелната сезона и му беше порачано да си бара нова средина и тоа го направи, но на малку чуден начин.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Имено, шпанскиот десен бек ангажирал консултантска компанија под името „Analyitcs FC“ за да му помогне во изборот на идеалната средина за него. Имено, оваа компенија собирала податоци и му го олеснила изборот на клубот.
Во предвид како што се наведува биле земени ситуацијата во клубот десната бековска позиција, стилот на игра, менаџерот…Така на висока позиција котирал Бетис и Белерин затоа и ги избрал.
Бетис е предводен од Манеул Пелегрини кој форсира ситем 4-2-3-1 и му беше неопходен десен бек после заминувањето на Емерсон Ројал, негова конкуренција на таа позиција ќе му бидат Мартин Монтоја и Сенегалецот Јусуф Сабали.