Новак Ѓоковиќ не успеа да испише историја и да слави во финалето на УС Опен со што имаше прилика да ги обедени четирите Грен слем турнири во иста година. Медведев во финалето беше подобар од Ѓоковиќ со 0:3 во сетови.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во финишот од мечот Ѓоковиќ и се расплака поради големата поддршка која ја доби од трибините.
„Честитки до Медведев го заслужи трофејот. Не испишав историја, но си заминувам среќен. Срцето ми се исполни која ја видов таа поддршка од трибините. Бев најсреќниот човек во светот“, изјави Ѓоковиќ.
Ќе потсетиме и дека Ѓоковиќ можеше да избие сам на првото место со освоени Грен Слем титули, во овој момент заедно со Федерер и Надал има по 20.