Легендарниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергсон призна за својата улога при враќањето на Кристиано Роналдо на „Олд Трафорд“.
Роналдо ова лето го напушти Јувентус и беше на чекор од трансфер во Манчестер Сити, но на крајот заврши во црвениот дел од Манчестер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Алекс Фергусон призна дека одиграл клучна улога при неговото враќање на „Олд Трафорд“ бидејќи не можел да го замисли во дресот на градскиот ривал.
„Многу луѓе беа вклучени и јас придонесов за тоа знаејќи дека Кристиано навистина сака да се врати и тоа е важно. Се беше направено добро. Не би рекол дека сум емотивен, но за мене тоа е возбуда и олеснување како испадна се на крај, бидејќи не можев да замислам дека би заиграл за Манчестер Сити“.
„Затоа преземавме чекори за да се осигураме дека тој ќе се врати тука и клубот го следеше сето тоа. Разговарав со Глејзерс и тоа беше направено. Мислам дека тој ќе има влијание особено врз младите играчи и има искуство да се справи со целата ситуација“, изјави Фергусон.
Sir Alex Ferguson speaks exclusively to #Viaplay and @tfaxoe about the return of @Cristiano to @ManUtd #MUFC #Tv3sport pic.twitter.com/8027uRuCLT
— Niklas Lind (@Niklas_Lind) September 11, 2021