Дома Фудбал Италија „Росонерите“ ја одложија регистрацијата на двете големи засилувања!

„Росонерите“ ја одложија регистрацијата на двете големи засилувања!

Тренерот на „росонерите“, Виченцо Монтела, за натпреварот од квалификациите за Лигата на Европа не ќе може да смета на двете големи засилувања.

Милан како што е познато ова лето направи вистинска реконструкција на тимот од минатата сезона, но се појави проблеми при регистрацијата на одличниот дефанзивец кој пристигна од Јувентус, Леонардо Бонучи и Лукас Биља кој во Милан пристигна од редовите на Лацио.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Споменатите двајца фудбалери немаат право за настап во вечерашниот натпревар, против романскиот претставник, Крајова, тоа беше потврдено и од Марко Фасоне. Имено, трансферите сеуште не се во целост исплатени, па УЕФА го стопираше регистрирањето на овие фудбалери за натпреварот кој Милан ќе го игра во Романија.

„Милан сака да ги увери сите навивачите дека на 11 август и двата трансфери ќе бидат исплатени“, изјави Фасоне.

Серија А започнува на 19 август, клубот од Милано првиот натпревар го игра против Кротоне на гостински терен.

„Немојте да помислувате дека проблемите се од друга природа, ова се технички проблеми и моравме да ја одложиме за операцијата да биде целосно завршена“, додаде Фасоне.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Мењан наскоро става потпис

Италијанските медиуми пренесуваат дека Мајк Мењан, кој моментално брани за Милан, е во нап…