Дома Останати Од разгален плачко на теренот, до светски рекет број еден

Од разгален плачко на теренот, до светски рекет број еден

Роџер Федерер некогаш беше плачко и се однесуваше разгалено, открија Дејвид Ло и Марк Росе.

Дејвид Ло на Федерер му помогнал со советите како да се однесува со медиумите и токму тој открил интересни детали од почетоците на на легендарниот Швајцарец.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Често игравме на турнири каде што тој беше под секое ниво. Некогаш ментално ќе експлодира, некогаш беше премногу емотивен, ги фрлаше рекетите, беше како бебе. Искрено, на теренот беше плачко. Беше незрел и му требаше многу време да порасне“, рекол Ло.

На тениските почетоци на Роџер Федерер се сеќава и некогашниот швајцарски тенисер Марк Росе.

„Се сеќавам кога првпат трениеравме заедно. Тој беше новиот тален во Швајцарија, но беше многу мрзлив. Вообичаено младите играчи се нервони бидејќи сакаат да играат добро, но тој излезе на теренот и воопшто не му беше грижа. Не можев да верувам дека се однесува така“, рекол Росе.

Ло открил уште некои пикантерии поврзани со почетоците на кариерата на Федерер.

„Знам дека со некогашниот тренер Петер Лундгрен често во автомобилот ги слушаше AC/DC и гласно заедно пееја. Луѓето не разбираат колку беше палав Федерер. Во соблекувалната додека се тушираше, ги имитираше другите играчи и ликови како Хулк Хоган“, рекол Ло.

Роџер Федерер е рекордер според бројот на освоени грен слем титули (19) и според бројот на поминати недели на првото место на АТП-листата (302.).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Арсенал спреми астрономска понуда за ѕвездата на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за плејмејкерот на Милан и холандски репрезентативец Тиж…