Дома Останати Кошарка Откриена сумата за која Роуз го облече дресот на Кливленд

Откриена сумата за која Роуз го облече дресот на Кливленд

Поранешниот МВП Дерик Роуз официјално премина во дресот на Кливленд Кавалирс.

Кошаркарот Дерик Роуз потпиша едногодишен договор со Кливленд за сума од 2,1 милион долари.

„Сакам да победувам и мислам дека со Кливленд тоа ќе успеам да го направам. Среќен сум што сум дел од овој клуб“, изјави Роуз.

Ова е скромна сума ако се знае дека до минатата сезона Роуз имаше договор според кој годишно добиваше и околу 20 милиони долари. Единствената прична поради која потпиша договор со „ветерански минимум“ е желбата да ја освои НБА титулата. Тој е поранешен играч на Чикаго и на Њујорк, но ниту еднаш во кариерата не успеа со своите екипи да игра во НБА финале.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

На 19 години синот на Перо Антиќ почна тренерска кариера!

Синот на македонската кошаркарска легенда и поранешен репрезентативец Перо Антиќ, Лука Ант…