Дома Фудбал Реал се враќа на „Сантиаго Бернабеу“ после повеќе од една година

Реал се враќа на „Сантиаго Бернабеу“ после повеќе од една година

Реал Мадрид после подолго време ќе се врати во својот дом „Сантиаго Бернабеу“ и во недела ќе ја пречека Селта.

Реал година и половина домаќинските натпревари ги играше во својот тренинг центар на стадионот „Алфредо ди Стефано“, додека не заврши реконструкцијата на легендарниот стадион.

ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition*


„Сантиаго Бернабеу“ сега е еден од најсовремените стадиони во светот, а неговиот капацитет остана ист (81.000 гледачи), но во недела ќе прими 30.000 фанови поради мерките поврзани со пандемијата.

Новиот облик на стадионот ќе има подвижен покрив, а ќе биде повисок за 10 метри што треба да ја подобри акустиката.

Целата реконструкција на стадионот го чинеше клубот 693  илиони фунти, во моментов во функција се три од четирите трибини, а се очекува комплетно да биде завршен во јануари 2023 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Познато колку ќе заработува рекордерот на Ливерпул со новиот договор

Големиот талент на Ливерпул, 17-годишниот Рио Нгумоа, потпиша нова долгорочна соработка со…