Дома Фудбал Останато Чеферин: Ако Мундијалот се одржува на две години ќе стане обичен турнир

Чеферин: Ако Мундијалот се одржува на две години ќе стане обичен турнир

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин не ја поддржува идејата Светското првенство да се игра на секои две години.

Чеферин се обрати до членовите на генералното собрание на ЕКА во Женева и го коментираше предлогот Мундијалот да почне да се одржува на секои две години, место како досега на четири.

Приказната за Ballon Twister: Се започнува со една идеја! ↓↓↓


„Таквиот предлог не ми се допаѓа. Вредноста на Светското првенство е поврзана со тоа што поретко се одржува. Со одржување на Светското првенство на секои две години тоа би станало обичен турнир и неговата популарност би се намалила“, изјави Чеферин.

ФИФА Светското првенство го организира на секои четири години од 1930 година. Исклучок е периодот на Втората светска војна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Трансферот на Субименди во Арсенал под прашање

Играчот на Реал Сосиедад Мартин Субименди навестува дека уште не е јасно каде ќе игра след…