Дома Трансфер зона Капитенот на Милан се договори со Јувентус

Капитенот на Милан се договори со Јувентус

Италијанските медиуми пренесуваат дека капитенот на Милан, Алесио Ромањоли се договорил со Јувентус.

Преговорите помеѓу Милан и Ромањоли за продолжување на договорот се прекинати, а дефанзивецот веќе влезе во последната година од договорот.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Таквата ситуација сака да ја искористи Јувентус кој е во одлични односи со неговиот агент Мино Раиола.

„Росонерите“ воопшто не сакаат повеќе да преговараат со Раиола, па се свесни дека Ромањоли на крајот на сезоната ќе замине без обештетување.

Последните информации се дека дефанзивецот се договорил со Јувентус и на лето ќе се пресели во Торино како слободен агент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…