Дома Фудбал Скандал во БиХ: Менаџер купил место во репрезентацијата за својот клиент!

Скандал во БиХ: Менаџер купил место во репрезентацијата за својот клиент!

Атмосферата во фудбалската репрезентација на БиХ не е највисоко ниво, а сега се појавуваат докази за скандали.

Прво голманот Асмир Беговиќ јавно се огласи и порача дека фудбалот во Босна го водат криминалци, а најновиот скандал го објави телевизијата „Н1“.

Имено, објавено е дека фудбалски менаџери му завршил работа на својот клиент, односно му го купил местото во репрезентацијата.

Во разговорот менаџерот пишува:

„Мојот мора да биде повикан и мора да го брани пријателскиот 27.3. против Костарика! Така се согласив и дадов аванс“.

На крајот ова и се случи неговиот клиент настапи на натпреварот против Костарика. Во дополнителните разговори кои биле истражувани јасно можело да се заклучи дека менаџерот добро бил запознаен и со уште неколку повици на други репрезентативци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Елмас погоди, но Аталанта остана без победа во меч со осум гола

Елиф Елмас ја доведе Аталанта во предност против Фрозиноне, но средбата заврши 4:4. Следни…