Дома Фудбал Селекторот на Исланд: Никогаш не сум бил гневен како на полувремето со Македонија

Селекторот на Исланд: Никогаш не сум бил гневен како на полувремето со Македонија

Македонија вчера иако имаше предност од 0:2 сепак остана без победа против Исланд и важни бодови во битката за втората позиција.

Селекторот на Исланд, Арнар Видардсон не го оправдува пристапот на неговите фудбалери во натпреварот. По мечот тој истакна дека никогаш не бил толку гневен, па во соблекувалната дури и го загубл гласот викајќи на фудбалерите после првите 45 минути.

„Никогаш претходно не сум бил гневен како на полувремето со Македонија, на момент го изгубив и гласот. Не сум замислувал дека можам да бидам толку лут како тренер. Моите помошници ја презедоа мојата улога, неколку минути откако ми го снема гласотз“, изјави исландскиот селектор.

Исланд во финишот ја казни нашата невнимателност и со два брзи гола изедначи, ние во финишот имавме прилики за трет гол преку Трајковски и Чурлинов, но не ги реализиравме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од школата на Пелистер до сениорски повик: Исмаили во составот на Албанија

Усни Исмаили е единствениот нов фудбалер во албанскиот состав за дуелите со Финска и Белор…