Екипата на Барселона наводно за наредната година го обезбедила потписот на Дани Олмо.
Шпанската „Ла Секста“ објави дека Олмо ќе стане нов играч на Барселона во 2022 година, но не потенцира дали тоа ќе се случи во јануари или во наредниот летен преоден рок.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Дани Олмо ќе ја засили Барселона во 2022 година. Преговорите се во напредна фаза, а играчот прифатил големо намалување на платата. Не е познато дали ќе дојде во зимскиот преоден рок или летниот. Се зависи од финансиската ситуација“, пишува Марио Гаридо од весникот „Ла Секста“.
Олмо е дете на Барселона играше за младинските селекции на овој клуб во период од 2007 до 2014 година кога се пресели во Динамо Загреб.
🚨 Dani Olmo llegará al Barça en 2022. El jugador se bajará mucho el salario. Está todo muy avanzado pero tienen que concretar flecos y ver si será en el mercado invernal o ya el próximo verano.
— Maria Garrido 1997 ⚽️🎥 (@mariagarridos) September 3, 2021