Поранешниот португалски репрезентативец како слободен играч премина во грчки Аполон Смирнис.
После одличната кариера во Порто, Зенит, Фенербахче, Каљари, Ренџерс и на крајот Парма, 39 годишниот стопер во јули го најави португалската Фамалика каде што требаше да остане две години, но си замине после само три недели.
Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
Сепак, сега има нов клуб. Вечерва ќе пристигне во Грција за да ги одработи лекарските прегледи и да потпише договор со Аполон.
Минатата сезона искусниот дефанзивец со 96 меѓународни настапи запиша 19 натпревари во Серија А како играч на Парма и постигна еден гол.
За Алвес ова нема да биде прв ангажман во Грција затоа што играше за АЕК од Атина од каде што во 2004 година премина во Порто.