Дома Фудбал Репрезентации Роналдо за промашениот пенал: Некогаш постигнувате гол, некогаш промашувате, таква е играта

Роналдо за промашениот пенал: Некогаш постигнувате гол, некогаш промашувате, таква е играта

Кристиано Роналдо вчера испиша историја станувајќи најдобар стрелец на една репрезентација на сите времиња.

Португалецот ги постигна двата гола за својата репрезентација во победа против Ирска од 2:1.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Натпреварот Роналдо го започна со промашен пенал во 15. минута, но потоа постигна два гола и така дојде до бројката од 111 голови во националниот дрес.

„Среќен сум, не само затоа што го срушив рекордот, туку поради неверојатниот момент кој го имавме. До крај в ерувавме, мило ми е. Некогаш ќе постигнете гол, некогаш ќе промашите, таква е играта. Мило ми е што дадов гол и победивме“, изјави Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Недела за Семењо: Се е подготвено за „бомба“ на Островот!

Антоан Семењо посакува да го финализира својот трансфер уште на почетокот на јануари. Англ…