Дома Топ вести Трансфери во живо: Пресврт во случајот Мбапе, ПСЖ се откажа од Санчез

Трансфери во живо: Пресврт во случајот Мбапе, ПСЖ се откажа од Санчез

Трансфер периодот ширум Европа е во полн ек, трансфер шпекулациите се засилуваат од час во час, па нашата редакција благовремено ќе ве известува за сите случувања на трансфер пазарот.

-Главна вест во сите спортски медиуми е дека ѕвездата на Ливерпул, Филипе Кутињо постигнал договор со Барселона, па сега останува Каталонците да подготват понуда со која ќе можат да ги убедат „црвените“ (ОВДЕ).


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


– Баерн Минхен и Милан се блиску до договор за трансфер на Ренато Санчез. Тансферот вкупно ќе изнесува околу 40 милиони евра, со тоа што „росонерите“ најпрво ќе платат 7 милиони евра за двегодишна позајмица, а потоа 35 милиони евра за откуп.

– Интер испрати понуда од 22 милиони евра плус 3 милиони бонус до Лацио за Кеита Балде, но претседателот Лотито бара 30 милиони евра. Сепак, италијанските медиуми се оптимисти дека двата клуба набрзо ќе најдат заеднички јазик.

Пеп Гвардиола важи за голем трошаџија и навистина бројките за неговите засилувања се импресивни. Наскоро каталонскиот стратег ќе надмине 1 милијарда (ОВДЕ).

– ПСЖ не може да биде повеќе во неизвесност околу Нејмар, па му постави ултиматум на играчот во следните 5 дена да донесе конечна одлука (ОВДЕ).

– Медиумите тврдат дека се е договорено и дека Арда Туран ја напушта Барселона и се враќа во Турција (ОВДЕ).

– Баерн стави „вето“ на заминувањето на Артуро Видал кој е трансфер мета на Интер. Тренерот Анчелоти даде зелено светло за трансферите на Даглас Коста и Ренато Санчез но истакна дека Чилеанецот 100% останува во Минхен.

– Севиља понуди 5 милиони евра за потписот на Симон Кјаер, но Фенербахче за неговата слобода бара најмалку 8 милиони евра.

– Бенфика е заинтересирана за десниот бек на Барселона, Даглас кој не се снајде баш најдобро на „Камп Ноу“ и е на излезна врата. Клубот од Лисабон сака да го донесе на позајмица.

– Јувентус со сите сили тргнува по Матуиди. Договорот со ПСЖ нема да биде проблем бидејќи играчот влегува во последната година од договорот, но проблем се неговите барања. „Старата дама“ му нуди годишна плата од 3 милиони евра, додека Французинот бара најмалку 4 милиони евра по сезона.

– Англиските медиуми пренесуваат дека Лазар Марковиќ е во преговори со Фиорентина. Ливерпул нема да прави проблем на неговиот трансфер бидејќи Клоп не смета на Србинот.

-Евертон испрати нова понуда до Свонси за Сигурсон од неверојатни 45 милиони фунти и се надевам дека ова ќе биде доволно клубот од Велс да го пушти својот играч да се пресели меѓу „карамелите“.

– Ливерпил се надева дека ќе успее до крајот на преодниот рок да го договори трансферот на Вирџил ван Дијк. „Црвените“ се спремни да платат 65 милиони евра, додека Саутемптон за неговата слобода бара 80 милиони, но самиот играч притиска за трансфер на „Енфилд“.

– Милан имал состанок со Жорге Мендеш и меѓу другото разговарале за трансфер на Диего Коста. Сепак, медиумите во Италија тврдат дека прв избор на „росонерите“ е Андреа Балоти и наскоро миланскиот гигант ќе испрати нова понуда.

– Со доаѓањето на Мбапе, Реал размислува да го стави на трансфер листа Карим Бензема. Англиските медиуми пренесуваат дека Арсенал и Ливерпул веќе размислуваат да испратат понуда за Французинот.

– Официјално: Нолито претставен како ново засилување на Севиља!

– „Екип“ пренесува дека Баерн Минхен и Милан постигнале начелен договор за трансфер на Ренато Санчез. „Росонерите“ ќе платат 7 милиони евра за позајмица и додатни 33 милиони евра за задолжителен откуп.

– Готово: Виљареал се согласи да го продаде Џонатан дос Сантос во Лос Анџелес Галакси за сума од 4,2 милиони евра.

– Торино го стави на трансфер листа младиот играч за врска Марко Бенаси. За него интерес покажуваат Наполи и Фиорентина, а цената изнесува 12 милиони евра.

-Официјално: Монако ги претстави 5-те нови засилувања: Тревис Конголо, Диего Бенаљо, Јури Тиелеманс, Саулихо Меите и Жорди Мбула.

Гастон Рамирез го напушта Мидлсборо и се сели во Бетис. Шпанскиот клуб за неговиот потпис ќе плати 5 милиони евра.

Никола Калиниќ веќе долго време се поврзува со Милан, медиумите тврдеа дека трансферот е практично договорен, а сега во трката се приклучи и Интер. „Нероаѕурите“ бараат алтернатива за Икарди и сметаат дека Хрватот би бил идеален.

– Додека сите медиуми пишуваат за рекордниот трансфер на Мбапе во Реал, од Монако најавуваат дека започнале преговори за продолжување на соработката. Дали станува збор за пресврт или блеф, останува да видиме.

– Евертон официјално потврди дека Рос Баркли одбил да го продолжи договорот и дека е ставен на трансфер листа. Менаџерот Роналд Куман исто така потврди дека играчот за врска може да замине ова лето.

– Играчот на Милан Сусо е на чекор да го продолжи договорот со „росонерите“. Шпанецот денес го промени агентот и сега го застапува Алесандро Лучи, кој исто така е менаџер на Монтела и Леонардо Бонучи.

– ПСЖ се откажа од доведување на Алексис Санчез. Еминентниот француски новинар Набил Џелит објави дека „светците“ се откажале од трансферот на Чилеанецот кој веќе се договорил со Манчестер Сити и сака да се пресели на „Етихад“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Шчесни: Никој не ми гарантирал дека ќе бидам прв голман

Војчех Шчесни и официјално стана нов голман на Барселона, а во медиумите се пишуваше дека …