Aрсенал после три одиграни натпревари во Премиер лигата е на последното место на табелата без бодови и без постигнат гол. Поради тоа изненадувачки звучи кога ќе кажаме дека тие се клубот кои потрошија најмногу во Европа летово.
На нови фудбалери Арсенал летово потроши 156.8 милиони фунти. Последното засилување пристигна вчера, во последниот ден од преодниот рок. За Арсенал потпиша Такехиро Томијасу од Болоња, за него платија 15 милиони фунти.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Со овој трансфер продолжи чудната политика на Арсенал. Клубот потроши најмногу, а не доведе ниту еден елитен играч. Најмногу го платија дефанзивецот од Брајтон, Бен Вајт, 50 милиони фунти. За голманот на Шефилд Арон Рамздејл издвоија 30 милиони фунти, а тој ќе биде замена за Бернд Лено. Мартин Одегард е највзучното имие.
Навивачите се разочарани, како и да не бидат кога резултатите се катастрофални, ќе видиме дали нешто ќе се промени.
Our new man is 𝗵𝗲𝗿𝗲 😍
— Arsenal (@Arsenal) August 31, 2021