Дома Топ вести Челзи до крајот на денот носи големо засилување

Челзи до крајот на денот носи големо засилување

Играчот за врска на Атлетико Мадрид, Саул Нигез е пред трансфер во Челзи, пренесуваат медиумите на Островот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


26-годишниот Шпанец цело лето го притиска Атлетико да направи трансфер и во последниот ден од преодниот рок може да се пресели во Премиер лигата.

Челзи веќе постигнал договор со Саул Нигез и сега преговара со Атлетико околу условите за трансферот.

„Сините“ сакаат да го донесат шпанскиот играч за врска на едногодишна позајмица со право на откуп следното лето.

Атлетико е спремен да му ја исполни желбата на Саул Нигез, па се очекува двата клуба до крајот на денот да го договорат трансферот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…