Дома Фудбал Гвардиола сега тврди дека не би го купиле Роналдо и да не потпишел за Јунајтед

Гвардиола сега тврди дека не би го купиле Роналдо и да не потпишел за Јунајтед

Шпанскиот тренер Пеп Гвардиола го коментираше трансферот на Кристијано Роналдо во Манчестер јунајтед, а пред да се врати на „Олд Трафорд“, Португалецот беше блиску до трансфер во Манчестер сити.

Интересно е тоа што голем број светски медиуми пишуваа дека Роналдо е блиску до потпис со Сити, но тоа Гвардиола го демантираше.

Тренерот на „граѓаните“ тврди дека немало шанси Роналдо да заигра во неговиот тим, а таков одговор даде и на новинарите.

Новинарите го прашаа Гвардиола дали би го купил Роналдо доколку Јунајтед не се вмешаше, по што тренерот направи долга пауза и даде краток одговор.

„Мислам дека не би го купиле“, изјави Пеп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сити двапати се враќаше, па на пенали го скрши Брајтон!

Рајан Шерки и Џеронимо Рули беа клучни за пласманот на Манчестер сити во четвртфиналето на…