Дома Фудбал Одличен бизнисмен: Пике ќе заработи од трансферот на Меси

Одличен бизнисмен: Пике ќе заработи од трансферот на Меси

Ѕвездата на Барселона Жерар Пике покрај професионалната фудбалска кариера, гради и бизнис кариера.

Компанијата на Пике, „Космос Холдинг“ ја искористи шансата и ги откупи правата за пренос на натпреварите од Лига 1 во Шпанија во следните три години.

Пике повлече тактички потег со оглед на тоа дека Лионел Меси неодамна се пресели во ПСЖ, па тоа ќе му донесе многу пари на дефанзивецот.

Меси се очекува да дебитира вечерва против Ремс, а Пике сигурно ќе заработи многу пари, иако засега не се открива точната сума.

Освен клупската, Шпанецот мислеше и на репрезентативната понуда, па така „Космос“ ќе ги пренесува и натпреварите од Копа Америка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лацио броеше до шест: Ни два одбранети пенала не го спасија Сасуоло!

Лацио го растури Сасуоло со 6-2, а Турати спречи уште потежок пораз со два одбранети пенал…