Дома Фудбал Англија Роналдо во Манчестер Јунајтед нема да може да ја носи „седмицата“

Роналдо во Манчестер Јунајтед нема да може да ја носи „седмицата“

Кристиано Роналдо од вчера и официјално е нов играч на Манчестер Јунајтед, за Португалецот ова е враќање во клубот каде што се афирмираше како играч.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Добро познато е дека омилениот број на Роналдо е „седмицата“, но сега нема да има можност да ја носи на „Олд Трафорд“. Во овој момент таа е во сопственост на Едисон Кавани, а бидејќи сезоната е започната Премиер лигата не дозволува промена на броевите.

Единствена можност Роналдо да носи „седмица“ е ако Кавани си замине до крајот на преодниот рок, сепак тоа не изгледа реално затоа што такви најави во овој момент нема.

Останува сега да видиме за кој број ќе се одлучи Роналдо кога неговата „седумка“ не е во изборот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Британски фудбалер направи скандал: Беснеел со 307 километри на час, доби четири години затвор! (Видео)

Фудбалерот возел со неверојатни 307 км/ч и сè објавил во видео формат. Сега е осуден на по…