Лионел Меси се уште не дебитирал во Лига 1 за ПСЖ, а поради одлуката да премине во Париз Аргентинецот повеќе не е дел од топ 5 првенства во Европа.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Поради промените во системот на коефициенти според УЕФА, француската лига го загуби петтото пместо од португалската.
На позицијата пет португалската лига дојде откако во вторникот после пенал серијата Бенфика го победи ПСВ и така Португалците се за 0.05 кофициент поени пред Французите. За промената влијаеше и вчерашната елиминација на Монако од Шахтјор (2:2).
Според официјалната страница на УЕФА Португалија е петта најдобра европска лига со 44.216 бодови, додека Франција има 43.498 поени.