Дома Фудбал Останато Донарума: Навас е одличен голман, но јас дојдов за да бранам!

Донарума: Навас е одличен голман, но јас дојдов за да бранам!

Џанлуиџи Донарума ова лето го напушти Милан и се пресели во ПСЖ, но се уште не дебитирал на голот на „светците“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Покетино во првите натпревари предност му даде на Кејлор Навас, а Донарума беше на клупата за резерви.

Младиот Италијанец го загуби трпението и истакна дека дошол во Париз за да биде прв голман на ПСЖ.

„Конкуренцијата не ме плаши. Кејлор е голем голман, но јас сум тука за да бранам. Конкуренцијата е добра и може да влијае позитивно“. Дојдов тука за да бранам, па ќе го дадам најдоброто од мене за да станам стартер“, истакна Донарума.

„Сакам да бидам еден од најдобрите голман во светот, затоа дојдов во ПСЖ кој силно ме сакаше. Нема да има проблеми, Кејлор е одлична личност, ние сме пријатели, но јас дојдов за да бранам“, додаде Италијанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Еве како Жозе Мурињо реагираше на повторниот избор на Перез во Реал Мадрид

Флорентино Перез, како што се очекуваше, ги освои претседателските избори и ќе остане на ч…