Катерина Милеска, тренер на првакот Деспина, сеуште актуелната репрезентативка на македонската женска репрезентација и рекордерка по бројот на настапи во женската селекција е именувана за селектор на женската репрезентација до 17 години.
Женската репрезентација до 17 години ја очекуваат два пријателски меча во Букурешт со Романија (17. и 19. август), а првиот резултатски предизвик е квалификацискиот турнир следниот месец против Естонија, Молдавија и Украина.
Како до бараж за Светско првенство!? ↓↓↓
„Ме радува тоа што сум прв женски селектор на македонска репрезентација. Визијата на ФФМ „Повеќе жени, повеќе голови“ и стратегијата за развој на женскиот фудбал е насочена кон вклучување на повеќе девојки и жени во нашиот фудбал, а јас се надевам дека ќе бидам поттик за доплнителна промоција на нашиот фудбал. Се разбира, со докажување во работата и подобри резултати на националните тимови.
Бев вклучена како тренер во селекцијата до 15 години и одлично ги познавам девојките од репрезентацијата. Проблем е тоа што поради здравствената криза немавме собири и натпревари во изминатиот период, но сега ни следуваат два пријателски натпревари против Романија и тоа е убава можност да го видиме нашето ниво на игра. Се надевам дека заеднички ќе ја градиме селекцијата на вистински начин и ќе создаваме репрезентатиен квалитет за А селекцијата“, изјави Катерина Милеска.