Дома Фудбал Сопругата му заклучила се: Мората останал на „улица“ по натпреварот со Барселона

Сопругата му заклучила се: Мората останал на „улица“ по натпреварот со Барселона

Шпанскиот репрезентативец од Јувентус, Алваро Мората се нашол во една малку непријатна ситуација.

Јувентус играше со Барселона во „Жоан Гампер трофејот“ и тој натпревар убедливо го загуби. По натпреварот Мората стигнал дома во четири часот наутро. Кога стигнал пред домот го дочекале заклучени врати.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Сопругата на Мората, Алис заклучила се, а проблемот бил што Мората не носел клуч и не можел да го деактивира системот за безбедност без да предизвика паник.

Во таква ситуација тој не сакал да ги буди сопругата и децата во раните утрински часови, па ноќта ја поминал во еден од хотелите во Торино.

„Стигнав дома во четири наутро и што да видам – блокада. Сопругата заклучила се. Браво, секоја чест“, им открил Мората на новинарите.

Неговата сопруга се правдеше дека заспала и не било ништо со намера.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Баерн доби големо засилување: Упамекано потполно се опорави

Фудбалерот на Баерн Дајо Упамекано се опорави од повредата на коленото на левата нога и го…