Евентуалниот трансфер на Нејмар во ПСЖ сеуште е главна тема во светските медиуми, а интересно е дека денес двата клуба закажаа пресконференција во исто време.
Прво изгледаше дека е се готово и дека само се чека денот кога ќе биде објавен трансферот, а потоа Пике објави дека Нејмар останува. Сепак, медиумите тврдат дека сеуште поголеми се шансита Бразилецот следната сезона да игра во Париз.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Таткото на Нејмар имаше состанок со раководството на Барселона, кој не помина добро, бидејќи Каталонците немаат намера да ја израмнат понудата на „светците“.
Таткото на Нејмар е тој кој што инсистира да се реализира трансферот бидејќи ќе добие голема провизија, меѓутоа фудбалерот бара гаранции. Не сака да се пресели во помалку атрактивен шампионат, а потоа ПСЖ да биде казнет поради Финансиски фер-плеј и да биде исфрлен од европските натпреварувања.
Денес двата клуба закажаа пресконференција во исто време, за Барса ќе зборува Пике, а францускиот клуб свика вонредна конференција за новинарите.
Останува да видиме што ќе биде соопштено!