Дома Македонски спорт Мак фудбал ФК Кит-Го Пехчево го откажа пријателскиот меч со Детонит – стадионот е на располагање на австриските пожарникари!

ФК Кит-Го Пехчево го откажа пријателскиот меч со Детонит – стадионот е на располагање на австриските пожарникари!

Македонија овие денови се бори со големи пожари, а во помошта која е потребна од сите страни се вклучи и тимот на ФК Кит-Го Пехчево.

Тие одлучија да го одолжат пријателскиот натпревар со Детонит кој беше сакажан и својот стадион да го стават на располагање на австриските пожарникари.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Наспроти активниот подготвителен период пред стартот на новата сезона во Втората лига – Исток, нашиот клуб демонстрирајќи максимална општествена одговорност се одлучи да се стави во функција на заедницата.Раководството на ФК Кит-Го одлучи својот стадион во Пехчево да го стави на располагање на австриските пожарникари кои допатуваа во Македонија на помош за справување со огнената стихија која владее во Малешевијата.Токму поради тоа одложен е и за денеска предвидениот пријателски натпревар меѓу Кит Го и Детонит јуниор кој требаше да се игра во Пехчево“, соопштија од КИТ ГО

Фото: ФК Кит-Го Пехчево

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Изминаа десет години од смртта на човекот за кој фудбалот беше образование, животна школа и надеж.

Денеска се навршуваат 10 години од смртта на поранешниот генерален секретар на Фудбалската…