Aдис Јаховиќ се подготвува за новата сезона во турски Гозтепе.
Пред новата сезона Јаховиќ има амбиции да стане најдобриот странски стрелец во турската Суперлига.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Кога дојдов тука, целта беше со Гозтепе да влеземе во Суперлигата. Клубот ми претстави одличен проект, постигнував голови и бев горд на себе. Навивачите се феноменални, секогаш добивам поддршка. Се надевам дека ќе продолжам да постигнувам голови и оваа сезона и ќе бидам најдобриот странски играч помеѓу стрелците“, изјави Јаховиќ.
Во минатата сезона за Гозетепе Јаховиќ одигра 16 натпревари и постигна шест голови. Ќе потсетиме дека за него ова е втора епизода во Гозтепе, претходно дресот на овој клуб го носеше од 2016 до 2018. Во меѓувреме го носеше дресот на Коњаспор, Малатијаспор и Анталијаспор.
Неодамна во изјава за нашиот сајт Јаховиќ потврди дека имал разговор со селекторот Благоја Милевски за негово можно враќање во репрезентацијата – тука.