Англиските медиуми пренесуваат дека Манчестер Сити е блиску до комплетирање на трансферот на Џек Грилиш од Астон Вила.
„Граѓаните“ за потписот на Грилиш ќе платат 1о0 милиони фунти и со тоа трансферот ќе стане најскап во историјата на англискиот фудбал.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сити, освен Грилиш, го сака и Хари Кејн, но ќе мора да продава фудбалери за да го среди буџетот и да го испочитува финансискиот фер-плеј.
Прва жртва на трансферот на Грилиш ќе биде Бернардо Силва, кој би требало да замине, а Сити чека понуда за неговите услуги.
Договорот на Бернардо Силва со „граѓаните“ истекува во 2025 година, па Сити за неговата слобода бара најмалку 50 милиони фунти.