Дома Фудбал Репрезентации Шпанија преку драма дојде до продолженија, па ја разби Брегот на Слоновата Коска 🎥

Шпанија преку драма дојде до продолженија, па ја разби Брегот на Слоновата Коска 🎥

Фудбалската репрезентација на Шпанија се пласираше во полуфиналето на Олимписките игри откако во Токио славеше против Брегот на Слоновата Коска со 5:2.

Видовме еден возбудлив натпревар, а на крајот Шпанија со многу среќа се избори за продолженија каде што го разби противникот.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Ерик Баи во 10. минута ја доведе Брегот на Слоновата Коска во водство, Олмо изедначи после половина час на 1:1. На најголемите возбудувања се чекаше до 90. минута. Гардел во првата минута од судиското продолжение погодува за водство од 2:1 на БСК, но Шпанија се спаси во последен момент.

Само што влезе во игра Рафа Мир погоди за 2:2, потоа во продолженијата „Фуријата“ доминираше и дојде до конечни 5:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Синот на Карло Анчелоти седна на клупата на тимот кој го шокираше ПСЖ!

Карло Анчелоти неодамна го презеде водството на репрезентацијата на Бразил, а неговиот син…