Тотенхем и Севиља договорија трампа според која во шпанскиот клуб ќе се пресели Ерик Ламела, а во Лондон ќе пристигне младиот шпански репрезентативец Брајан Хил.
Ова го потврдија шпанските медиуми и открија дека Севиља ќе добие додатни 25 милиони евра во зделката.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
Брајан Хил има 20 години и важи за еден од најталентираните фудбалери во Шпанија, а е дете на Севиља. Во моментов тој е дел од репрезентацијата на Олимпијада, а последната сезона ја помина на позајмица во Еибар.
Ламела пак влезе во последната година од договорот и Тотенхем го искористи за да го добие потписот на младиот Шпанец.