Денешното издание на францускиот „Л’Eкип“ пренесува дека Барселона ќе се обиде да се ослбоди од Антоан Гризман до крајот на преодниот рок.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Со Гризман не се толку проблем неговите настапи колку што е платата. Гризман има плата од 25 милиони евра и тоа е огромен терет буџетот на Барселона.
„Л’Eкип“ пишува дека Барселона е во контакт со Јувентус на кој наводно му предложила размена со Паоло Дибала.
Меѓутоа во овој момент оваа трампа изгледа потешка за реализација затоа што Дибала има договор со Јувентус и нема најави дека сака да си замине, барем засега.