Дома Трансфер зона Ливерпул конечно успеа да го продаде Грујиќ

Ливерпул конечно успеа да го продаде Грујиќ

Во 2016 година Ливерпул го ангажираше Марко Грујиќ како голем талент, но Србинот не успеа да се наметне и скоро и да не доби шанса кај Јирген Клоп.

Грујиќ се уште е млад и има 25 години, па сака да го искористи својот потенцијал. Сега конечно е ставена крај на врската со Ливерпул.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


По пет години во клубот и четири позајмици офанзивниот фудбалер направи трансфер во Порто каде што играше минатата сезона. Се најавуваше дека Сасуоло влегол во игра во последен момент, но Порто ја искористи конекцијата со играчот кој минатата сезона одигра 35 натпревари.

Со Порто Грујиќ потпиша договор до 2026 година. Ливерпул ќе добие оштета од 10.5 милиони евра за играч кој настапи само на осум натпревари во Премиер лигата во пет години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Сари добил понуда од Шпанија, но ќе го чека Милан?

Oставката на Маурицио Сари кон средината на март беше изненадување за многумина. Сепак, ја…