Дома Трансфер зона Нејмар одлучил: Не сака повеќе да биде во сенка на Меси!?

Нејмар одлучил: Не сака повеќе да биде во сенка на Меси!?

Отворена нова страница во најголемата фудбалска „сапуница“ во овој момент.

Се е спремно за најголемиот трансфер во историјата на фудбалот. Како што деновите изминуваат стигнуваат се повеќе потврди од најголемите светски медиуми дека Нејмар е на чекор од ПСЖ и дека Французите ќе ја платат клазулата од 222 милиони евра.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


На почетокот изгледаше скоро невозможно ПСЖ да ја активира огромната клазула и покрај големата финансиска моќ. Едноставно би било целосно нереално, сега се упатува на тоа дека модерниот фудбал добива до сега невидено поглавје и дека после ова назад нема.

Британски „Скај Спорт“ пренесува нови информации поврзани за „Трансферот на векот“, а се започна од тоа дека шансите Нејмар да премине во ПСЖ сега се зголемиле на 90%.

Тоа го потврдуваат шпански извори кои приказната за трансферот на Нејмар ја истражуваа малку подлабокo.

„Само чудо би можело да го задржи Нејмар во Барселона во овој момент. Тој одлучи, сака да замине и повеќе нема дилеми. На 25 години тој смета дека е вистинско време да ја освои Златната топка, а можеби и да стане најдобар фудбалер во светот во некој друг клуб. Бројот на оние кои сакаат овој трансфер да се реализира од ден на ден е се поголем, на Нејмар му здодеа да биде во сенка на Меси“, тврди анонимен шпански извор.

Да потсетиме, доколку Барселона го продаде Нејмар астрономската сума најверојатно ќе биде искористена за доведување на Паоло Дибала и Филипе Кутињо.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Јувентус се вклучи во трката за Шешко

Голгетерот на Лајпциг Бенџамин Шешко беше еден од најбараните фудбалери на трансфер пазаро…