Дома Фудбал Критики за Крос: Немам ништо лично против него, но веќе не е класа играч

Критики за Крос: Немам ништо лично против него, но веќе не е класа играч

Германската репрезентација немаше успешен настап на Еропското првенство, а еден од фудбалерите кои добиваат критики по настапот е Тони Крос.

Голем дел од јавноста смета дека Крос одиграп од своето ниво. Такво мислење имаше и Ули Хенес, а со него се согласува и легендарниот Лотар Матеус кој често пати зборува без „влакна на јазикот“. За него Крос повеќе не е класа фудбалер.

„Крос повеќе не е класа за меѓународно ниво. Немам ништо лично против него, но не играше како што се очекуваше. Кога ја додававеш топката тоа беа бавни додавања и се губеше на драгоцено време. Со бавни додавања и не можете да создавате простор“, смета Матеус.

Крос на клупски план со Реал Мадрид освои се што можеше да се освои додека со репрезентацијата најголем успех му е триумфот на СП во 2014 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Новата генерација на Македонија У21 на проверка во Нови Сад со 24 фудбалери

Александар Таневски избра 24 играчи за контролата со Србија на 12 ноември. Дуелот е насоче…