Дома Трансфер зона Милан денес ќе потврди два трансфери

Милан денес ќе потврди два трансфери

Милан е еден од најактивните клубови на трансфер пазарот и откако го потврди трансферот на Оливие Жиру, денес „росонерите“ ќе потврдат уште два трансфери.

Станува збор за 24-годишниот лев бек на Монако, Бало Туре кој вчера ги мина лекарските прегледи во Милано.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


„Росонерите“ за неговиот потпис ќе платат 4,5 милиони евра, а Туре ќе биде алтернатива за Тео Хернандес.

Денес ќе биде потвден и трансферот на Брахим Дијаз од Реал Мадрид. Шпанецот минатата сезона беше на позајмица на „Сан Сиро“, а „росонерите“ договорија уште една позајмица со право на откуп следното лето за 22 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…