Фудбалерите на Ливерпул неодамна ги стартуваа подготовките за новата сезона во Премиер лигата.
„Црвените“ не воодушевија премногу во минатата сезона во која не успеаа да ја одбранат титулата шампион на Англија и јасно е дека од нив се очекува повеќе во новата сезона.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Германскиот стратег Јирген Клоп досега не направи некои големи промени во играчкит кадар и тоа се очекува да се случи во наредниот период. Англиските медиуми пишуваат дека Клоп е спремен да се откаже од осум фудбалери.
На трансфер листата на Ливерпул се: Џердан Шаќири, Лорис Кариус, Марко Грујиќ, Хари Вилсон, Начо Вилијамс, Шеј Ојо, Бенд Вудбурн и Таико Акоји.
Со продажбата на овие играчи Ливерпул би го зголемил буџетот за засилувања, а се шпекулира дека на „Енфилд“ може да пристигне Отавио за кого Порто бара околу 50 милиони евра.