Дома Фудбал Останато Французите објаснија зошто Донарума во ПСЖ не можел да го носи бројот 99

Французите објаснија зошто Донарума во ПСЖ не можел да го носи бројот 99

Италијанскиот голман Џанлуиџи Донарума пред неколку дена официјално стана член на ПСЖ.

Донарума одигра одлично Европско првенство и беше херој на Италија, во финалето одбрани два пенали.
Поради тоа Донарума заслужено беше прогласен за играч на првенството. После завршувањето на турнирот го комплетираше својот трансфер во ПСЖ.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Италијанскиот голман стигна без оштета откако му истече договорот со Милан и се одлучи за нов предизвик во кариерата. Исто така Донарума изненади со својата одлука во ПСЖ да го носи дресот со број 50. Во Милан носеше 99, додека во Италија брани со 21.

Сепак, француските медиуми пишуваат дека Донарума сакал да носи 99 и во ПСЖ, но тоа не било можно.

Имено, Лига 1 не дозволува на голманите да носат такви броеви. За нив се резервирани 1, 16 и 30. Овие броеви во ПСЖ не беа слбоодни па Донарума требало да бира 40 или 50.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…