Дома Фудбал Италија Донарума со емотивно видео се збогува од Милан: Неверојатни осум години, одлуката тешко е да ја објаснам со зборови

Донарума со емотивно видео се збогува од Милан: Неверојатни осум години, одлуката тешко е да ја објаснам со зборови

Џанлуиџи Донарума и официјално се прости од Милан преку емотивно видео на Инстаграм.

Од поодамна е познато дека Донарума го напушта Милан и се сели во ПСЖ како слободен играч.


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


„Некогаш треба да донесете тешки одлуки, но тие се дел од растењето. Дојдов во Милано кога бев малку постар од мало дете. Поминав осум години тука, се боревме, страдавме, победувавме, плачевме, славевме со соиграчи и тренерите и секој кој во тој период бил дел од клубот. Заедно со навивачите кои се неизоставен дел од тие осум години“.

„Неверојатни осум години кои нема да ги заборавам никогаш. Време е да се збогуваме. Далеку од тоа дека ова беше лесна одлука и тешко може да се објасни со зборови. Она што ќе го кажам само е дека дојде вистинското време за промена, за нови предизвици за да растеме и станеме комплетни“, напиша Донарума под видеото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Познато до кога ќе игра Роналдо

Кристиано Роналдо иако наскоро ќе наполни 40 години, сепак се уште игра на врвно ниво и не…