Дома Македонски спорт Мак фудбал Голем гест: Третолигаш се понуди со својот ваучер да му помогне на Пелистер!

Голем гест: Третолигаш се понуди со својот ваучер да му помогне на Пелистер!

Tретолигашот Црно Буки кој се натпреварува во југозападната група во третото по ранг натпреварување се понуди својот ваучер да го реализира и парите да ги уплати на сметката на ФК Пелистер.

Клубот понудата ја објави на социјалните мрежи и нивното соопштение ви го пренесуваме во целост:

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


“Почитувани навивачи, симпатизери, помагатели и спонзори на нашиот клуб.

Сакаме да ве известиме и воедно да упатиме апел до битолските стопанственици, бизнисмени и чорбачии..

Во време кога битолската гордост ФК Пелистер ги живее најтешките денови во неговата историја, и неизвесноста која трае за тоа дали ќе ја започни сезоната како прволигаш.

Почитувани, ние како клуб од АМС имаме 67. 000 денари ваучер, апелираме некоја фирма да ни го реализира и полната сума на ваучерот ќе ја уплатиме ма сметката на ФК Пелистер.

Главната цел нам како управа е овај мал гест послужи на големите фирми и бизнисмени малку ги разбуди и се охрабрат и му помогнат на гордоста на Битола и битолчани застане на здрави нозе“..

Фото: ФК Пелистер

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фудбалските надежи на Македонија до 19 години ќе одиграат два натпревари со Словачка

Репрезентацијата на Македонија до 19 години кон средината на април ќе одигра два контролни…