Тимот на Тетекс ќе ги започна подготовките за настапот во Втората македонска фудбалска лига – Запад.
Во таборот на тетовскиот клуб пристигвнуваат девет имиња кои ќе ги надополнат „староседелците“. Сите девет играчи Тетекс ги промовираше во текот на вчерашниот ден.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Нови фудбалери на клубот се: Андреј Јаневски, Алекдандар Поповски, Рилинд Ајдини, Давид Спасовски, Астрит Амзаи, Алтрим Јакупи, Дамјан Масевски, Арменд Адеми и Гордијан Христовски.
Минатата сезона Тетекс водеше голема борба за опстанок во втората лига, па во новата не сакаат да се соочат со слично сценарио.